Светската здравствена организација и препорача на Украина да ги уништи особено опасните патогени кои се складирани во државните здравствени лаборатории во земјата за да се спречи нивното потенцијално ширење и појава на болести меѓу населението, пренесува Ројтерс.



Во втората недела од војната во Украина, Русија почна со бројни обвинувања против Украина за развој на биолошко и хемиско оружје. Претходно имаше публикации со наводи за подготовка за нуклеарно оружје. Беше објавено дека биолабораториите во Лавов работеле со патогени на чума, антракс и бруцелоза, а во Харков и Полтава – со патогени дифтерија, салмонелоза и дизентерија.

Експертите за биосигурност велат дека движењето на руските трупи во Украина и бомбардирањето на градовите во земјата го зголемиле ризикот од истекување на патогени во случај да биде зафатено некое од местата каде што се складирани.

Како и голем број други земји, Украина има владини лаборатории кои проучуваат како да се намали заканата од опасните болести кои ги погодуваат и животните и луѓето, вклучително и СОВИД-19. Украинските лаборатории добија поддршка од САД, Европската Унија и СЗО.