СЗО: До март секој втор во Европа ќе биде заразен со Омикрон!

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, на онлајн прес конференција денеска изјави дека е веројатно до март половината од европските жители да бидат инфицирани со варијантата на коронавирус Омикрон.



Според него, Омикрон, поради бројните мутации, побрзо ги напаѓа човечките клетки, а тоа се однесува и на вакцинираните и на прележаните, пренесе Дојче веле.

„При овој ритам, Институтот за здравственa метрика и евалуација предвидува во идните шест до осум недели повеќе од 50 проценти од населението во европскиот регион да се инфицира со Омикрон“, изјави Клуге, укажувајќи меѓу другото и на мислењето од научниот институт од универзитетот во Вашингтон.