СВР Охрид сè уште под блокада, меѓу уапсените еден фудбалер

Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската полициска станица каде даваат исказ за инцидентот што се случил попладнево по фудбалски меч во селото Волино општина Дебрца.



Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат теиесетина соселани, роднини и пријатели на тројца уапсени вечерва.

Тие тврдат дека се работи за политички реваншизам а МВР која го потврдува инцидентот вели дека се работи на расчистување на инцидент кој се случил по фудбалски меч од Охридската регионална лига.

На транспортот на тројцата жители на Волино предходела блокада на патот во селото затоа што жителите не дозволувале полицајците да го извршат транспортот на приведените.

Очевидци од Волино тврдат дека тројцата биле приведени дури откако со нив во полициското комбе влегол и градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачевски како гаранција дека приведените ќе бидат пуштени веднаш откако ќе дадат изјави во СВР Охрид.

Истите извори тврдат дека причина за апсењето на тројцата Волинчани е тоа што на трибините се вееле знамиња со ѕвездата од Кутлеш, се скандирале навредливи слогани за премиерот Заев и се скандирале извици против новото уатавно име.