СВР Охрид: Напаѓачот е со возраст и иницијали идентични на Нефи Усеини

СВР Охрид попладнево објави дека претпладнево се случил физички напад кој се уште се расчистува а во кој учествувало лице со возраст и со иницијали идентични на познатиот охридски бизнисмен и советник на ДУИ Нефи Усеини.



“Денеска во 11.35 часот, во СВР Охрид, С.Т.(41) од Охрид пријави дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот”, се вели во соопштението на СВР Охрид.

Што точно се случило во Охрид во следнава вест

Фамозниот охриѓанец Нефи Усеини со кундак раскрварил глава на сограѓанин, полицијата информирана