Реакција од Македонија на дезинформациите искажани на протестот што се одржа во Софија во врска со истепаниот секретар на нацистичкиот бугарски клуб во Охрид.
,,Најостро ги демантираме дезинформациите изнесени од поединци на протестот во Бугарија и уште еднаш ја известуваме јавноста дека МВР односно СВР Охрид во координација со надлежното обвинителство ги презеде сите неопходни мерки и активности за расчистување на нападот врз Х.П. Веќе се приведени три лица, а по насоки на ОЈО продолжуваме со преземање на дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот”, се вели во реакцијата објавена од портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски кој додава дека сите информации за случајот се јавно објавени и достапни.
Вакви дезинформации прават штета и подгреваат нетрпение и недоверба помеѓу граѓаните, смета Димоски.
Димоски важи за еден од најуспешните портпароли на било која институција кој дваесетина години ја информира јавноста за активностите на СВР Охрид во чија работа немало ниту еден гаф или непрофесионалност.






