Учениците што завршија деветто одделение и матурантите навреме ќе добијат свидетелства зашто им се потребни за упис во средно училиште и за факултет.
За другите ученици Бирото за развој на образованието дополнително ќе информира кога ќе бидат поделени свидетелствата, а неофицијално, се споменува до крајот на август.
Во СОНК велат дека најверојатно станува проблем со тендерот за печатење на свидетелствата, што е во надлежност на Бирото за развој, имајќи предвид дека свидетелствата се бесплатни за учениците и затоа е потребна таа процедура.
Од СОНК додаваат дека овој проблем ќе создаде нов проблем – кога наставниците во јули или во август ќе бидат на годишен одмор, од нив ќе биде барано да ги внесуваат оценките во електронскиот систем, за потоа да бидат испечатени свидетелствата.






