Во последните 24 часа во светот се потврдени рекордни 628.136 нови случаи на коронавирус, а починале 9.623 лица, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Претходно, најголемиот дневен број на новоинфицирани лица во светот беше регистриран на 7 ноември, кога имало 613 977 од нив.
Според СЗО, вкупниот број на заразени лица во светот од почетокот на пандемијата достигна 52,48 милиони, а 1,29 милиони луѓе починаа.
Дури 46 % од новите случаи односно 291.830 се во Европа.
Најмногу случаи на коронавирус се потврдени во САД, 10.26 милиони, потоа во Индија, Бразил и Русија.




