Светски економски форум: Македонските патишта меѓу најлошите во Европа

Македонија и Бугарија го делат петтото место одзади во рангирањето на 40 земји од Европа според квалитетот на патиштата, според извештајот за глобалната конкурентност на Светскиот економски форум.



Двата соседа се оценети со просечна оценка 3,4, а полоши од нив на стариот континент во однос на патната инфраструктура се само Молдавија со 2,6, Босна и Херцеговина со 2,8, како и Романија и Украина со по 3,0.

Од опкружувањето подобри патишта од македонските имаат Србија со 3,5, Албанија и Црна Гора со по 3,9, Словенија со 4,9, Хрватска со 5,6 итн.

Занимливо е дека Турција (5,0) има поквалитетни патишта од многу побогатите Велика Британија (4,9) и Норвешка (4,5).

Најдобри патишта во Европа има Холандија, оценета со 6,4, втора е Швајцарија со 6,3, а трета Португалија со 6,0.

Во светски рамки на прво место е Сингапур со 6,5, а веднаш зад него се Холандија и Швајцарија, додека на дното е Чад со 1,9, следен од Мавританија и Мадагаскар со по 2,0, Јемен, Хаири и Конго со по 2,1 итн.

В