Денеска, 22 Април 2020, се одбележува 50 годишнината на Денот на планетата Земја, во услови на пандемија од коронавирус.
Денот на планетата Земја за прв пат е одбележан во 1970 година во САД, а денес го одбележуваат над 175 држави во светот.
Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.





