Десетици балистички ракети паднале ноќеска во базата Ал-Асад во Ирак каде што се сместени американските војници, потврди вечерва министерството за одбрана на САД.
Според непотврдени извештаи на локалните медиуми во нападот на две американски бази има десетина мртви и повредени.
„Иран лансираше повеќе балистички ракети против армијата на САД и коалициските сили во Ирак. Она што е јасно е дека овие балистички ракети се лансирани од Иран чија мета биле најмалку две ирачки бази во кои се наоѓаат трупи на САД и коалицијата“, стои во соопштението на Пентагон, додавајќи дека се уште се прават иницијалните проценки за предизвиканата штета.
Пентагон вечерва соопшти дека ќе подготви и соодветен одговор и ќе ги превземе сите неопходни мерки за заштита на американската војска, партнерите и сојузниците во регионот.
Нападот врз ирачката база Ал-Асад во која се сместени војници на САД се случи откако САД ја презеде одговорноста за убиството на иранскиот генерал на исламската гарда Касам Сулејмани.
Нападот се случил во исто време кога со дрон беше убиен Сулејмани.





