Во акција во текот на ноќта безбедносните сили на Турција привеле 33 лица осомничени за шпионажа за израелскиот Мосад.
Турските власти приведоа 33 лица осомничени за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, објави денеска државната новинска агенција Анадолу.
Според официјалните извори полицијата трага по уште 13 лица кои се товарат за шпионажа во корист на Израел.
Според агенцијата, полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја започна антитерористичкото биро на Обвинителството во Истанбул.
Турција и Израел постојано го менуваат односот меѓу себе во последниве децении кој екслираше по масакрот на Хамас и воената интервенција на Израел во Газа.





