Светот очекува знак за мир во Украина од Анталија, пренесе АП.
Министрите за надворешни работи на Русија и Украина – Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба денеска разговараа во турското летувалиште Анталија.
Двајцата синоќа пристигнаа во Турција.
Средбата која утрово започна во 9 часот по средноевропско време, е прв дипломатски контакт на високо ниво по руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Разговорите, закажани за денеска, се дел од напорите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да посредува од почетокот на кризата.
Лавров уверува дека Русија ќе го плати данокот за нејзината независност Операцијата во Украина ќе продолжи до крај.
Во меѓувреме украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека е потребна негова директна средба со Путин за запирање на војната.







