Во средината на 16. месец од првиот случај на коронавирус светот ја помина границата од 3 милиони починати, покрај над 141 милиони заболени и речиси 120 милиони оздравени.



САД и понатаму се на врвот и според бројот на починати (580 илјади), и по бројот на заболени (над 32 милиони).

Македонија е осма според бројот на смртни случаи на еден милион жители (2.121), а ако се изземат Гибралтар (2.791) и Сан Марино (2.560), таа е шеста меѓу 219 држави и територии!

Пред Македонија на оваа неславна листа се само уште Чешка (2.648), Унгарија (2.591), Босна и Херцеговина (2.386), Црна Гора (2.272) и Бугарија (2.186).