Кремљ ги повика светските лидери да „забават со неоснованите обвинувања за ситуацијата во Буча“ и да побараат податоци од различни извори, изјави во понеделникот ТАСС портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Повеќето западни земји го осудија тоа што се случи во овој град во близина на Киев и го опишаа како воено злосторство убиството на над 400 цивили.
Денеска, францускиот претседател Емануел Макронизјави дека е неопходен нов круг санкции против Русија и дека постојат јасни индикации дека руските сили се одговорни за убиствата на цивили во украинскиот град Буча, пренесе Ројтерс.
„Повеќе или помалку е утврдено дека руската армија е одговорна (за убиствата во Буча)“, изјави Макрон за радиото Франс Интер.
Вчера, руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата на Киев за убиства на цивили во градот Буча, регионот Киев. Министерството соопшти дека руските вооружени сили целосно го напуштиле Буча на 30 март, а „доказите за злосторствата“ се појавиле дури четвртиот ден, кога претставници на Украинската служба за безбедност пристигнале во градот.
„Ситуацијата е секако сериозна и овде би сакале многу меѓународни лидери да не брзаат со опширни обвинувања, туку барем да побараат информации од различни извори, барем да ги слушаат нашите аргументи“, рече портпаролот на Кремљ.
Тој нагласи дека на овие материјали „не може да им се верува“, бидејќи, според него, „експерти од Министерството за одбрана (на Русија) откриле во нив“ знаци на видео измама и разни фалсификати – едно или друго. Редоследот на настаните исто така не зборува во прилог на вистинитоста на овие наводи“, додаде Песков.
Во меѓувреме и Русија и Украина бараат итна седница на СБ на ОН и истрага за она што се случило во Буча.






