УНЕСКО му оддава почит на споменот на жртвите на холокаустот и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да се спротивстави на антисемитизмот, расизмот и другите форми на нетолеранција што може да доведе до насилство.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш деновиве го осуди повторното заживување на антисемитизмот и ги повика луѓето ширум светот одлучно да се спротивстават на омразата и нетолеранцијата насекаде во светот.
Тој наведе дека неодамна бил вознемирен кога дознал дека само половина од возрасните ширум светот слушнале за Холокаустот, за време на кој беа убиени шест милиони Евреи, една третина од таа нација и милиони други луѓе за време на Втората светска војна.
Датумот ја означува годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау од страна на советските трупи на 27 јануари 1945 година.
27 јануари официјално беше прогласен во ноември 2005 година како Меѓународен ден на комеморација во спомен на жртвите на Холокаустот од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. (РСЕ)






