Денот на слободата на медиумите годинава се одбележува по 26 пат а овој пат тема е „Медиумите за демократија: Новинарство и избори во време на дезинформации“.
Генералното собрание на ОН во декември 1993 година го прифати 3 мај како Ден на слободата на медиумите, врз основа на препораките на УНЕСКО.
Светската конференција годинаа се одржува во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.
Во рамки на Денот на слободата на медиумите се доделува и посебна награда на УНЕСКО, именувана по колумбискиот новинар Гилерм Кан, кој е убиен поради објавени приказни за нарко-картелите во својата земја.
Годинава наградата им припадна на новинарите на Ројтерс, Ва Лон и неговиот колега Чо Со У, кои детално го истражувале извршениот масакр врз муслиманското малцинство Рохинџи во селото Ин Дин во Мјанмар.





