Светиот Благодатен Оган од Ерусалим ќе биде пренесен во православните земји како и досега, откако државата Израел изрази подготвеност да ги прими специјалните летови од православните држави, што секоја година го земаат Светиот Оган од Ерусалим.



Со оглед на забраната за јавни собири поради пандемијата од Ковида-19, израелските власти велат дека церемонијата ќе се одржи на 18 април, но со ограничен број присутни.

Службата во Светиот Гроб ќе се одвива нормално, во присуство на 10, најмногу до 15 претставници на христијански цркви и во продолжение Светиот Оган ќе се пренесе до аеродромот во Тел Авив, каде ќе биде предаден на делегациите на христијанските земји, коишто, сепак, нема да се симнуваат од авионите на израелска почва, со цел да се запази карантинот.



https://www.facebook.com/volkovovmrodpmne/videos/3321197211242856/