Светиот благодатен оган се очекува вечерва да пристигне на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, на Меѓународниот аеродром во Атина ќе го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација, која ќе го донесе од Ерусалим, каде што речиси два милениума се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото воскресение.
По пристигнувањето, Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови во државата.
Директорот на Комисијата, Сотировски, по доаѓањето, Светиот оган ќе му го предаде на неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, во резиденцијалниот манастир „Св. Георгиј Победоносец“ во Скопје.







