Општина Свети Николе не дозволува изградба на фотоволтаични централи на земјоделско земјиште до 4-та класа.
„Секојдневно стигаат барања од приватни инвеститори кои купувале земјиште од жителите на општина Свети Николе. Сега, Советот на општината има донесено став да се грижи за земјоделското земјиште. До 4 класа се плодни земјишта и добар дел се под системот за наводнување“, изјави Дејан Владев, градоначалник на Свети Николе.
Барањата ги разгледува и анализира одделението за урбанизам а одлучува врз основа на тоа каде се наоѓа земјиштето, каде поминува хидросистемот, дали може да штетат самите фотоволтаици на околината и на земјоделието, објаснува Владев.
До сега 15 компании имаат поставено фотоволтаични централи на 15 ха во општината, со моќност за производство на околу 15 мегават часови електрична енергија, а во процедура е поставување на сончеви колектори уште на исто толкава површина.







