Сум работел со Бесмира и можам да потврдам дека се работи за исклучителна личност чие што време допрва доаѓа.
Ова го објавува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој смета дека тоа што Ејупи е исклучителна личност не и дава за право на Владата на ДУИ и помалиот партнер СДСМ да ја злоупотребува положбата и да создава гнев кон млади и квалитетни лица во земјава.
,,ДУИ и помалиот партнер СДСМ предизвикаа и дозволија сиот гнев за нивното самоволие и можеби лукративност да падне на раменици на Бесмира.
Ова е лекција за сите оние коишто дозволуваат старите истрошени и корумпирани функционери да ги испоганат оние од коишто се плашат. Нема друга позадина. Во сенка на Бесмира треба да мине едно непотистичко решение исто за САД.
Ова е лекција и за неа, како и за сите други млади кои непромислено влетуваат во приказна за недораснати чевли.
Особено во приказните на Владата на ДУИ и на помалиот партнер СДСМ”, смета Стоилковски за скандалот во кој според него од страна на партиите на власт била злоупотребена младата новинарка.






