Сведоштво на српски камионџија заглавен во Украина: Чекаме Русите да не спасат

„Тројца колеги кои пред некој ден се обидоа да ja напуштат Украина и да дојдат до границата со Русија и не успеаја, им ги украдоа возилата, еден беше убиен“, изјави за Спутник Александар Дражиќ, единствениот возач на камион од Србија кој остана во Украина.



Тој а заглавен предградието на Киев, каде што беше запрен од украинската армија пред 29 дена.

„По цел ден и ноќ се слушаат детонации, се чини како Русите да се приближуваат. Ние го напуштаме прифатилиштето само да јадеме и да се измиеме и чекаме да не спасат“, вели Дражиќ.

Возачот од Јагодина додава дека состојбата се влошува, парите во тој дел од градот повеќе не вредат, за среќа има полн резервоар гориво.