Сведок открива огромен скандал: Контроверзна обвинителка фалсификувала изјава

Контроверзната обвинителка Лиле Стефанова која води повеќе предмети против лица од или блиски на опозицијата гонкршела законот за кривична постапка во најмалку еден од своите предмети.



Новите судски рочишта за предметот „Плацеви на Водно“ в понеделник продолжуваат во сенка на големиот скандал што се откри на последната сесија на Кривичниот суд, кога се дозна дека контроверзната јавна обвинителка Лиле Стефанова со фалсификуван доказ го затворила предметот и на Судот кој го оценувал обвинителниот акт му подметнала изјава на Никола Груевска, кого таа ниту го видела, нити го сослушала во истрагата што ја водела, објави порталот Плусинфо.

Груевски морал да биде сослушан во истрагата за „Плацеви на Водно“
За неупатените, мало појаснување: секој обвинителен акт, пред да стане правосилен и пред да почне судењето, оди на претходна оценка во Судот, во случајов пред тројца судии на Одделот за организиран криминал на Кривичниот суд во Скопје. Тие оценуваат дали актот што го поднесува јавниот обвинител е издржан и дали треба да се преземат некои други дејствија. Во принцип, многу ретко се случува обвинителен акт да „падне“ во оваа фаза на постапката. Но, во случајов, тие морале да воочат еден многу сериозен проблем, пренесува порталот.

Имено, обвинителката Лиле Стефанова била должна во истрагата да го сослуша осомничениот Никола Груевски. Во истрагата за „Плацеви на Водно“, а не во некоја друга истрага. Во предметот „Плацеви на Водно“, за кој истрагата била отворена во 2020 година, првоосомничен, па обвинет, е Никола Груевски, кој се гони за перење пари. Станува збор за сума од над 1,3 милиони евра наводно партиски пари, донации во ВМРО-ДПМНЕ, кои, според обвинението, Груевски ги пуштил во оптек за купување на плацевите. Без Груевски во приказната, предметот на Стефанова паѓа во вода, се заклучува во текстот.

Но, во време на отворање на истрагата, Никола Груевски е избеган во Унгарија, па Стефанова ниту можела да го види ниту да го сослуша. Порталот Сведок, од перото на новинарот Саше Димовски, одличен познавач на приликите во нашето правосудство, потсетува дека обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата за предметот „Организатори на 27 април“, ја запрела постапката против Груевски поради неговото бегство. Инаку, двата предмета се во рацете на ист судија, Илија Трпков.

Очигледно свесна за големиот пропуст во истрагата и за неопходноста во „Плацеви на Водно“ да ја запре постапката против Никола Груевски и да му се суди кога ќе се создадат услови за тоа, обвинителката Стефанова морала да најде начин да се „снајде“. Рековме веќе, целиот предмет „Плацеви на Водно“ се темели на фабулата дека неколку луѓе перат пари што Груевски ги зел од партиската каса – ако го нема поранешниот партиски лидер и премиер за „черечење“ пред судот, практично нема предмет, пишува Димовски и го поставува круцијално прашање:

Што сторилa Лиле Стефанова, за која обвинетиот Орце Камчев тврди дека го конструирала случајот „Плацеви на Водно“, за да му се одмазди за аферата „Рекет“, односно за храброста што прв од македонските бизнисмени што биле рекетирани од дуетот Боки Јовановски – Катица Јанева проговори и понуди конкретни докази за тој мега скандал?

Иако била должна да ја запре постапката против Никола Груевски и да му се суди кога ќе се создадат услови за тоа, Лиле Стефанова, мангупски, се снашла, си позајмила изјава од 2015 година, што ја дал Никола Груевски во ОЈО Скопје, заведена под РО број (кога нема отворена истрага за конкретен настан/кривично дело – пријавата била за „злоупотреба“), па ја сменила ознаката во КО (како да го сослушала во истрага) и таквиот документ им го подметнала на судиите, а тие, тројцата судии што го ценеле актот, најверојатно без да го отворат предметот, го потврдиле обвинението, фаќајќи се на јадицата на лукавата обвинителка Стефанова, тврди порталот Сведок.

Зошто се случува овој скандал можеби одговор дава новиснрор на Алфа ТВ Горан Момироски кој во својата најнова колумна зборува за операција со која власта сака да го стави целото обвинителство.

Откриена операцијата ,,ЈОВИЛСБЏИ” на власта во правосудството – пишува Горан Момироски