Бугарската историографија и дел од домашните набљудувачи блиски на власта на социјалните мрежи тврдат дека при ослободувањето на Скопје имало тешки битки со германски единици а дека против нив заедно со единиците на македонската армија учествувале и бугарски војници кои по капитулацијата на фашистичка Бугарија се префрлиле на страната на партизанското движење.
Но директен сведок во борбите, Борис Кралевски тогашен политички комесар на 12 Македонска бригада која ги поднесла најголемите жртви при ослободување на Скопје и судирите против германски и балистички сили, тврди дека бугарски војници не испукале ниту еден куршум при ослободување на Скопје.
Видеото е снимено на час по историја во скопско училиште од Документарната програма на Македонската Радио Телевизија пред повеќе од 50 години.
“Неспорен историски факт е дека ниеден бугарски куршум не бил испукан во борбите за ослободување на Скопје”, вели Кралевски кој во детали раскажува како течеле борбите за Скопје и дали бугарската армија навистина учествувала во ослободувањето на главниот град.





