Сведок на обвинителството го разниша обвинението против Жан Митрев

Јавното обвинителство кое по постапка предизвикана од медиуми и скриени бизнис и политички фактори почна со процес против Жан Митрев и клиниката Жан Митрев се најде во тепка ситуација откако пред судот еден од главните сведоци практично сведочеше контра обвинението.



На сведочењето на член на едно од семејствата кои тврдат дека во болницата биле измамени да добиваат хемофилтрација беше откриено дека од вкупно пет члена на фамилијата Брезеви лечени во Клиника Жан Митрев, само кај еден е применета хемофилтрација.

Практично на денешното рочиште со сведочењето на Мелита Брезева наместо да се потврдат наводите на обвинението истото беше разнишано.

На судењето Брезева сведочеше дека пет члена од семејството Брезеви биле лекувани во Клиника Жан Митрев и на сите им се вратени парични средства за неискористените хемофилтрации.

Вкупно им биле вратени околу 26.000 евра откако не им била направена хемофилтрација затоа што немало потреба од истата.

Брезева на сведочењето потврдилс дека и самата била ковид позитивна но поради непостоење индикација за хоспитализација кај неа, само нејзиниот сопруг е хоспитализиран.

Во нејзината изјава пред Судот, таа откри дека нејзиниот сопруг иако барал хемофилтрација на почетокот не му била дадена, поради тоа што немало потреба за тоа.

Во првиот момент кога постоело индикација за примена на хемофилтрација кај нејзиниот сопруг истата е аплицирана, по што состојбата му се подобрува и тој по само една примена хемофилтрација добива негативен КОВИД тест.

Според сведочењето на Брезева, нејзиниот сопруг самиот верувал дека хемофилтрацијата е корисна и во пораките упатени до неа пишувал дека сака да биде лечен со овој метод.

„Инаку Никола самиот веруваше дека хемофилтрацијата е многу добра, дури и во пораките ќе забележите дека ми пишува дека ќе сака да му направат хемофилтрација и вели дека на тие на кои им прават хемофилтрации побрзо се подигаат, така мислеше тој“, сведочеше Брезева.

Брезева беше една од главните ликови во сторијата на ИРЛ од каде се покрена целиот случај за Клиниката Жан Митрев.

Денеска пред судот сведочеше и Александра Димовска која исто така потврди дека од Клиника Жан Митрев ѝ се вратени неискористени средства од првично депонираните во износ од 3.600 евра.

На денешното рочиште започна испитувањето на главните сведоци на обвинителството.

Дел од нив со своите искази целосно го дискредитираат обвинението во кое се тврди дека пациентите биле измамени. Според сведочењето клиниката ниту мамелс ниту принудувала пациенти да користат хемофилтрација, дури во некои случаи одбивала да ја користи методата како што барале пациенти.

Преходно судот во вториот предмет пресуди дека Клиниката Жан Митрев имала право да ја користи оваа метода која е уредно пријавена во МАЛМЕД по што дополнително беше разнишано обвинението за измама против Жан Митрев.