Која е пораката на Судскиот совет да ја предложи стечајната судијка Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд?
Дека му треба стечај на Уставниот суд или да ја дополни низата на слаби правни кадри со кои сега доминира Уставниот суд?, прашува новинарот Саше Димовски во текст за сведок.орг.мк.
,,Со оскудна биографија и претрчување низ судовите, судијката на Апелациониот суд Елизабета Дуковска, е предлог на Судскиот совет, која со 1️⃣1️⃣ гласа за и 2️⃣ против, патува во Собранието кое треба да ја избере.
Дуковска, која е предлог на Зоран Герасимовски, судија на Апелациониот суд, кој е во кумовски односи со најистурениот играч во СДСМ, лепенка на лидерот Ковачевски, би имала мандат од 9️⃣ години во Уставниот суд, што многумина го гледаат како награда, бидејќи таму ќе остане и по периодот на нејзино пензионирање.
Дуковска треба да дојде на местото на судијката Вангелина Маркудова која од почетокот на декември е во пензија, а Судски и покрај барањето на Добрила Кацарска, наместо да утврдеше предлог во ноември, тоа го прави 4️⃣ месеци подоцна.
Елизабета Дуковска во судот ја паметат како стручна соработничка во Апелациониот суд, која, речиси во исто време со нејзините колешки Тања Дуковска и Цветанка Периќ беа избрани за судијки во скопските судови и за речиси 5️⃣ години подоцна, трите да се вратат во скопска Апелација. Периќ е веќе Врховен судија, а едната Дуковска сега ќе замине во Уставен.
Во Апелација дојдоа во златното време на ВМРО ДПМНЕ во 2009 година, а Елизабета Дуковска, која во основен суд беше стечаен судија, продолжи да суди во Стопанскиот оддел на судот и се „истакна“ по многу скандалозни пресуди кои се косеа со здравиот разум и правната логика, за што сведочат судии од основните судови, чии одлуки беа укинувани или преиначувани” пишува Димовски во својата сторија за најновиот кадровски скандал во правосудството.
Сите детали на Сведок





