Двајца сведоци предложени од обвинителството во предметот „Таргет Тврдина” примиле пари од СЈО за работен ангажман, обвинија адвокатите на Мијалков, Јанкуловска и другите обвинети во предметот за масовното прислушување, пренесе „Телма“
Едниот сведок на денешното рочиште во “Таргет Тврдина” потврдил дека бил ангaжиран од СЈО, другиот веќе сведочел минатата недела, но адвокатите отпосле дознале преку порталот Отворени финансии дека и тој добил паричен надоместок.
Според адвокатите споменатите зеле 2.000 евра и околу 22 илјади евра.




