Против полицаецот кој со пендрек го удри по главата ракометарот Филип Талески, ќе биде поднесена кривична пријава.
Полицаецот Х.Р. на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него, соопштија од МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.
Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, ќње добие кривична поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик, дознава Плусинфо.







