Полицаецот кој вчлера брутално нападна Ром во Битола ќе доби кривична пријава.
Истовремено, тој заедно со колегата кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„ МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните“, рече Спасовски.
Тој го осуди и нападот на полициските службеници од страна на двокрадци во велешко.
Приведени се четири лица и има 10 осомничени лица.




