Двајца полицајци од граничниот премин Блаце ќе добијат кривични пријави за делото примање поткуп, а внатрешна контрола во МВР ќе започне и дисциплинска постапка против нив, соопштија од Министерството откако за случајот со видеото на кое се гледа примањето поткуп објави ТВ Клан.
„Полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството“, велат од МВР.






