Затворски чувар, при спроведувањето на Боки 13 од Обвинителството до возилото на Брза помош, денеска покажа со раката кон своите гениталии пред новинарите кои очекуваа изјава.
Бојан Јовановски од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, беше повикан денеска даде исказ, но се задржа само околу 20 минути, по што беше изнесен со амбулатно возило, поради тоа што му се слошило.
При изнесувањето нса Јовановски, чуварот на затворската полиција направи непристоен гест што го снимија камерите, поради тој е суспендиран, дознава МИА.
Тој е суспендиран, потврди за МИА, директорот на затворот Скопје ,Есад Рахиќ, дознава „Независен“.




