Суши да не носите, руска и кифлички пожелно.
Ова е дел од најкреативна македонска реклама за Нова Година која ја објави култното ,,Бифе Тафталиџе” кое организира скромна и прилично евтина прослава на Нова Година.
,,Еве да не биде дека не сме правеле организиран дочек…. Картите ќе бидат со бар код. Куме наоѓај термин…. Озбилно, купите карти Триксон ќе стои на врата да не биде после сум учел со Шоте а он пошто два пати понављаше со пола град учеше”, се вели во шеговитата информација за новогодишна прослава во култното скопско кафуле кое е збиралиште на интересни луѓе од светот на уметноста, новинарството, културата, бизнисот …






