Претседателот на државата Стево Пендаровски со недипломатски назив ги нарече европските политичари кои идната година по изборите за европскиот парламент ќе бидат на чело на Европската Комисија и Европскиот совет.
За Пендаровски наследниците на Урсула Фон дер Лајен и Шарл Мишел се ,,сурати”.
Зборот сурат е со турско потекло кој нема директна негативна конотација но со него никогаш не се означуваат дипломати или други луѓе во позитивен контекст.
⚠️ЧЕКАЈТЕ ДРУГАРИ⚠️
Вордингов на @SPendarovski на ниво на муабет у бачило 🤦♂️
👉 "после секои европски избори доаѓаат нови СУРАТИ таму, нови функционери" …
Друже Стево "сурати" не е пријателски израз за тие на кои ги нарекуваш партнери 🤦♂️🤦♂️🤦♂️
🤔Мислам им должиш извинување pic.twitter.com/Dt92nYbUM8
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) July 27, 2023
Во истото интервју Пендаровски ја обвини француската амбасадорка во Софија дека јавно лажела за да ги задоволи Бугарите.
Линк до целото видео на следниот линк
Пендаровски ја обвини француската амбасадорка во Софија дека лажела за да ги задоволи Бугарите






