Сунак официјално стана премиер на Велика Британија

epa10264780 Britain's new Prime Minister Rishi Sunak speaks upon arrival in Downing Street, London, Britain, 25 October 2022. Sunak has taken over as Prime Minister after going to see King Charles III at Buckingham Palace. He is the youngest British prime minister in modern political history. EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Риши Сунак денеска и официјално стана нов пример на Велика Британија, по аудиенцијата кај кралот Чарлс Трети на која и формално го доби мандатот за состав на новата влада на Обединетото кралство.



На аудиенцијата во Бакингемската палата, Чарлс Трети го повика новиот лидер на ториевците да ја формира владата откако претходно ја прифати оставката на Лиз Трас, која на функцијата се задржа само 45 дена и со тоа стана премиер со најкраток стаж во историјата на Велика Британија.

Како што пренесе Би-би-си, Сунак во својот прв премиерски говор пред Даунинг стрит 10 истакна дека на врвот на својата владина агенда ќе ги стави економската стабилност и довербата, но и дека тоа значи оти ќе се носат тешки одлуки.

„Во моментов, нашата земја се соочува со длабока економска криза. Последиците од ковид сè уште траат, а војната во Украина ги дестабилизираше пазарите ширум светот“, рече Сунак во својот говор.

Тој, како што пренесува „Гардијан“, истакна дека Лиз Трас била во право што сакала да го подобри растот и дека тоа била „благородна цел“.

Но, беа направени грешки, истакна Сунак, посочувајќи дека тој е избран за премиер за да ги поправи тие грешки.

„Ме видовте за време на ковид како правам сè што можам за да ги заштитам луѓето и бизнисите. Владата што ќe ја предводам нема да ја остави следната генерација, вашите деца и внуци. Ќе ја обединам нашата земја не со зборови, туку со дело. Ќе работам од ден на ден за да ви испорачам. Оваа влада ќе има интегритет, професионализам и одговорност на секое ниво. Посилен Национален здравствен систем, подобри училишта, побезбедни улици, контрола на нашите граници, заштита на нашата животна средина, поддршка на нашите вооружени сили, изградба на економија која ги прифаќа можностите на Брегзит, каде што бизнисите инвестираат, иновираат и создаваат работни места“, рече Сунак.