Сулејмани: Внесувањето на Бугарите во Уставот да се искористи и Албанците да станат државотворни и да ги победат Македонците, без жалење кон нив!

„Отворањето на Уставот, заради внесување на Бугарите во него, не треба да се пропушти, туку да се искористи и Албанците да станат државотворен чинител. Нивната инфериорна уставно-правна позиција треба да се измени час поскоро и тие да бидат свои во својата пелазго-илирска земја. Албанците треба да се ослободат од чувството на страв и инфериорност да не ја надразнуваме македонската страна со своите барања. Ние сме на својата земја, во својата куќа и на својот албански етнички простор. Затоа не треба да има страв ниту жалење кон македонската страна кога се знае нивната историја. Албанците ќе постигнат победа над Македонците и ќе ги остварат своите цели и барања, само ако се обединат во остварувањето на својот колективен национален интерес.“ – вели д-р Метуш Сулејмани, професор по социологија во државниот Универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Дали ќе профитираат и Албанците од уставните промени во Македонија?“. Колумната ја објави информативната агенција а албански јазик Илирија – ИНА.



Албанците треба да се ослободат од чувството на страв и инфериорност да не ја надразнуваме македонската страна со своите барања. Ние сме на својата земја, во својата куќа и на својот албански етнички простор. Затоа не треба да има страв ниту жалење кон македонската страна кога се знае нивната историја. Уставот не се отвора секоја година и сега е време да се искористи оваа пригода. Но, македонската страна, било да е позицијата, било да е опозицијата, нема да прифати уставот да се промени и во корист на Албанците.

* Македонија е само според формата мултиетничка држава, но внатрешно таа е унитарна и репресивна држава, давајќи ѝ висока позиција и фаворизирајќи ја само македонската страна. Албанците во оваа земја не се дојденци и питачи, туку се автохтони уште од пелазго-илирските времиња, затоа мораат да се борат самите за себе со достоинство и гордост.

Албанците се незадоволни од својата позиција во оваа земја. Тие ќе бидат рамноправни во економската, политичко-правната, културната, образовната и други области дури откако ќе се промени нивната правно-уставна позиција во политичкиот систем на земјата. Таа промена ќе биде вистинска и прагматична само тогаш кога во овие уставни промени ќе се опфати и албанскиот етникум, прифаќајќи ја неговата реална статистичка состојба, а не фиктивната политичка статистика.

Албанскиот политички чинител секојдневно труби дека албанскиот јазик е службен во *Македонија! Тоа е чиста лага, ако направиме споредба меѓу Србите во Косово, кои таму ги има 3 проценти а ги имаат сите права, што ги нема ниеден друг народ во светот.  и Албанците во * Македонија. Јазикот на Србите е официјален на целата територија на Косово. Кај Албанците во * Македонија е сосема поинаква ситуацијата. Албанскиот јазик не е службен, бидејќи ако би бил би се користел на целата територија на државата, а не делумно. Погледнете ги и таблите на улиците, именувањето на институциите и месностите.

Нерамноправноста на Албанците е и од економска природа, бидејќи има дискриминација кон нив и во оваа сфера.  Буџетот не се дели сразмерно меѓу Албанците и Македонците. Во албанскиот дел инвестициите се многу мали, сиромаштината е поголема, инфраструктурната изградба е спора, на пример изградбата на автопатот Блаце-Скопје и многу други случаи. Голема нерамноправност има и во политички поглед, бидејќи Албанците не се третираат рамноправно со Македонците во градењето и управувањето со политичките процеси.

Сето ова доаѓа како последица на фалсификувањето на историјата на Албанците, претставувајќи ги како неавтохтон народ, туку како дојден од планините, за ова треба да се види енциклопедијата на македонија, кој е полна со омраза и предрасуди кон Албанците. Овие фалсификати се движат од историско-археолошките искривувања на културното наследство се до статистичките, каде што никогаш не е наведен точниот број на Албанци во * Македонија. Нивниот вистински број е повеќе од 40 проценти.

Во овој момент, покрај политичката област, најголемите репресалии се вршат врз Албанците во правната сфера, што ги вклучува обвинителството и судството. Затворите во Македонија се полни со Албанци, поради наместени случаи. Постојат многу случаи, кои потврдуваат дека се засилува репресијата врз нив. Многу загрижувачка појава е и недавањето државјанства на голем број Албанци, родени во оваа земја, бидејќи, според македонската страна, претставуваат опасност за државата. Сите овие податоци и релевантни факти треба да бидат многу силен мотив неповолната и инфериорна позиција на Албанците да се измени час поскоро и тие да бидат свои во својата пелазго-илирска земја.

Сите овие факти многу говорат дека отворањето на Уставот треба да се искористи и Албанците да станат државотворен чинител и за нив да се избрише изразот „20 проценти’ од Уставот. Значи, отворањето на Уставот, заради внесување на Бугарите во него, не треба да се пропушти како пригода, бидејќи профитот на Албанците ќе биде многу голем. Албанците се поевропски настроени одошто другите. Тие сакаат бидат рамноправни со Македонците, а не да ја прифаќаат инфериорната позиција, во која се сега. Оваа победа Албанците можат да ја постигнат само ако бидат обединети во своите цели и барања, ако политичките елити, било од опозицијата и позицијата ги истават настрана поделбите и ако предимство му дадат на националниот, колективен интерес.