„Хамди Сулејмани од граѓанската иницијатива ‘За подобро Тетово’ на прес – конференција изјави дека минаа два месеца, а се уште нема одговорност за трагедијата во тетовската ковид – болница: Денес се наполнуваат два месеци, а и натаму нема ниту кривична ниту морална одговорност.“ – јави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Тој додаде дека на овие локални избори политичари поднесоа оставки кога беа загубени тие избори, но не и кога животот го загубија 14 лица: „Тетово и јавноста бараат да знаат до каде се истрагите. „Зошто обвинителството објави еден дел од извештајот на крим – техниката, но без да го покаже и извештајот на германските експерти?“
„Според Сулејмани, ‘обвинителството треба да бара кривична одговорност од раководството на болницата, а истрагите треба да важат без да се штеди кој било.“ – информираше „ин7“.





