Министерот за транспорт и врски Сугаревски се оградува од активностите на автопатот Демир Капија-Смоквица каде по повод пуштањето во употреба вчера беше организирана веселба со жива музика и чочек.
Од неговото министерството велат дека тие не се организатори на овој настан.
„Во однос на информациите објавени по електронските медиуми и социјалните мрежи а кои се однесува на некаква забава на делови на автопатот Демир Капија-Смоквица, сакаме да појасниме дека Министерството за транспорт и врски се оградува од секаква активност поврзана со овие информации. Исто така сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, велат од Министерството на Горан Сугаревски.
За сите други информации, министерството ги упатува медиумите да се обратат до грчката фирма изведувач на проектот.
„Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила. Министерството за транспорт и врски е одговорна и транспрантна институција, која единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности“, се вели во досега невиденото оградување на една македонска институција.





