Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.
„Иницијативата за утврдување на нејзина одговорност е поднесена во индикативен период – откако Адеми со судиите на Врховниот суд оствари средба со амбасадорката на САД , Анџела Агелер, на која се говорело за прашања што се однесуваат на независноста на судството. Средбата беше одржана во екот на шпекулциите дека една партија од власта бара начин за враќање на Никола Груевски во земјата, преку политички притисок врз Врховниот суд да даде начелно мислење со кое ќе се оживее амнестијата на Ѓорге Иванов.
По интервјуто на Беса Адеми за СДК.мк во кое таа јавно проговори дека „постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт“, почна и црна кампања против неа“, потсетува Дојче веле.
Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.
Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката.






