Судовите „да запрат„ во време на коронаврус

Коалицијата „Сите за правично судење“ апелира и до сите надлежни органи на судската власт да ги преземат сите мерки кои ги имаат на располагање, а се во рамките на нивните надлежности, со цел да придонесат кон намалување на ризикот за појава и ширење на вирусот во судниците, а притоа да овозможат редовно функционирање на судовите во насока на заштита на правата и слободите на граѓаните, пренесе „Фокус“.



Претседателите на судовите и нивната судска управа да ја информираат јавноста преку јавни соопштенија и известувања на огласните табли и влезните врати во судовите кои ќе ги содржат препораките на Министерството за здравство и Светската здравствена организација во поглед на превенција на ширење на вирусот Ковид- 19, како и да ги информираат сите граѓани кои се јавуваат како странки пред судовите (поточно чие присуство е задолжително на расправите) за постапката и начинот на кој истите треба да го информираат судот доколку имаат симптоми на болеста или биле во некоја од земјите кои се означени како ризични подрачја.