Неполн месец откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави уривање, Судот донесе времена мерка со која го прекинува уривањето на галијата.
Времената мерка важи сè додека трае судскиот прцес во граѓанскиот суд меѓу Град Скопје и фирмата „Сервис“ која управува со галијата. Управителот на „Сервис“ не сакаше да ја коментира судската одлука.
Град Скопје ќе поднесе нова жалба со која ќе бараат да продолжи уривањето на галијата.
„Очекуваме дека наредната недела ќе се продолжи со извршувањето“, велат од Град Скопје.







