Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДОО увоз-извоз Скопје и донесе одлука во корист на Владата на Македонија со која едностраното раскинување на договорот за рудникот „Казандол“ се оценува како законито..
Во пресудата се вели декаВладата правилно го применила и материјалното право при едностраниот раскин на договорот за концесија со тужителот „Сардич МЦ“.
„Причините се сметаат за основани бидејќи концесионерот во рок од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и по две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар“ се вели во соопштението на Владата по одлуката на Управниот суд.
Извор: Нова Тв





