Судот му го одзел пасошот на Латас, со Лазаров добија забрана да зборуваат во јавност

Скопскиот кривичен суд одлучил да му го одземе пасошот на новинарот Драган Павловиќ-Латас кој заедно со јутјуберот Стефан Лазаров доби мерка забрана за јавни настапи.



Павловиќ и Лазаров се обвинети за ширење расистички и ксенофобичен материјал, откако во интервју Латас зборуваше за првото сексуално искуство со засега непозната жена кое се случило пред 45 години во Фиќо.

Судот денеска информираше дека на Латас му се определува превентивна мерка одземање на пасош со цел да не ја напушти Македонија.

Заедно со Лазаров тој доби и мерка Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Двајцата се обвинети за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Според обвинението двајцата преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.