Судот ги врати на работа избрканите дипломати од МНР

Основниот суд Скопје 2 а потоа и Апелацискиот суд Скопје одлучија дека тојцата дипломати кои беа избркани од работа поради нивното присуство во Собранието на 27 април 2017 година дипломатите биле незаконски избркани од работа.



Од МНР тогаш им беше изречена дисциплинска мерка – престанок на работен однос, бидејќи постапиле спротивно на Етичкиот кодекс нарушувајќи го угледот на професијата дипломат, угледот на Министерството и на државата.

„Мене никој не може приватно, после работно време да ми забрани каде да одам или можеби да се определам за некого. Јас бев дента пред Собрание но ниту бев во пленарната сала а уште помалку во прес салата каде што се случија инцидентите. Судската постапка течеше како што налага законот. Меѓу другите на наша страна беше и најјакиот аргумент дека МНР покрена постапка  после шест месеци од случувањата во Собранието е законскиот рок е деведесет дена“, изјави еден од вратените на работа дипломати во телефонски разговор за 1ТВ.

За присуството на дипломатите во Собранието, велат од МНР потврда добиле од Министерството за внатрешни работи.

Дипломатот со кој разговараше 1ТВ тврди дека осумте членови на комисијата кои одлучувале по поднесената дисциплинска постапка биле веднаш наградени со амбасадорски места или како конзули низ амбасадите на Македонија во светот.