Шест пратеници преводени од Фросина Ременски го загубија отворениот судир со лобито на министерот Оливер Спасовски на расправата за
тоа како ќе функционира новата моќна служба за безбедност.
Реформите во безбедносните служби и ингеренциите на Директорот на Националната агенција за безбедност предизвикаа досега невиден јавен конфликт меѓу две партиски крила предводени од Фросина Ременска и Оливер Спасовски.
Ременска чиј сопруг е висок функционер на МВР а самата е експерт за безбедносни служби, поднела 30-тина амандмани на Законот за Национална агенција за безбедност.
Амандманите освен ако не се дел од некаква ПР операција на СДСМ за пред странците, се невообичаени ако се знае дека Спасовски како министер за внатрешни работи законот го подготвуваше со месеци и Ременски имала многу можности да посочи на грешките и да го скрие конфликтот во владеачката партија.
Таа меѓу другото од Спасовски барала намалување на дискреционите права на директорот на Агенција, судот, а не директорот да дава наредба за користење на агент со прикриен идентитет, мерката да трае најмногу 3 месеци, а не 2 години како што стои во законот на Спасовски.
Во групата што ја поддржува Ременска се и пратениците Павле Богоевски, Горан Мисовски, Мухамед Закири, Чедомир Саздовски и Илија Николовски. Но, министерот не прифатил ниту еден од суштинските амандмани на крилото на Ременска.
Главниот проблем што останува со АНБ е преголемата моќ во безбедноста што ќе се дава на премиерот кој де факто ќе го назначува директорот, во исто време ќе биде дел од Советот за безбедност а тој ги бира и министрите за Одбрана и МВР кои имаат контрола врз други важни служби за безбедност.
Безбедносните реформи се клучни за позитивен извештај на Европската комисија. Засега тие се во фаза на амандманска расправа пред матичната собраниска комисија.





