Судир во ДУИ за “просдсмовските” кандидати за пратеници

Креирањето на листите со кандидати во изборната единица 6 предизвикува сериозни внатрепартиски турбуленции, тврдат партиски извори кои директно не се инволвирани во трговијата што се води во Тетово во последниве неколку денови.



Главниот камен на сопнување во највисокото раководство на ДУИ се двајца кандидати кои се поддржани од групата околу градоначалничката на Тетово Теута Арифи а кои треба да имаат добитни пратенички места на листата на пратеници што се очекува да ја предложи ДУИ во „шестката“ каде Ахмети очекува да добие најмалку 8 пратеници.

Проблемот според добро упатените извори со овие двајца кандидати е што за нив во партијата на локално но и во највисоките кругови на партијата постои страв дека тие по изборите доколку ДУИ не влезе во владата би преговарале со СДСМ за целосно да преминат во пратеничката група на партијата на Заев.

Според изворите покрај проблемот со неформалната и приватна комуникација што двајцата кандидати ја имале со влијателни функционери на СДСМ има уште еден проблем, нивниот главен лобист Теута Арифи има долга историја на идеолошка и лична блискост со дел од идеолозите и највисоките раководители на СДСМ.

Дополнителна причина за страв од однесувањето на овие двајца кандидати но и кај други функционери на ДУИ се шпекулациите дека дел од меѓународната заедница е против партијата на Ахмети да продолжи да биде во владата, што предизвикува нервоза кај дел од функционерите на партијата кои бараат лични алтернативи за себе.

ДУИ деновиве ќе одлучи како ќе одговори на агресивниот обид на СДСМ да привлече ново гласачко тело во трите изборни единици каде Албанците имаат можност да добијат пратеници.

Официјално Мала речица со конкуренцијата од СДСМ ќе се натпреварува со програма, аргументи и идеи но реално ДУИ тешко ќе може да се однесува „Европски“ додека како што тврдат од пртијата Албанци кадри на СДСМ вршат „финасиски терор“ односно институционален притисок врз компании предводени од спонзори или блиски на ДУИ.

Последните изјави според кои Заев во албански средини ветувал дека ако сакаат Албанците тогаш во него ќе добијат „Албански премиер“ во ДУИ не се причина за загриженост но се сигнал дека Заев како што тоа го прави во односот со ВМРО-ДПМНЕ ќе го прави и во албанските средини каде што, според партиските извори важат поинакви правила и канони, и ако СДСМ сака да игра според нив треба да биде подготвен за реципрочен одговор.

Заев во село со Албанци се нудел како “албански премиер” (ВИДЕО)