Судир на Билал Касами со Зијадин Села и неговата група во АА, бидејќи го поддржа Арбен Таравари

„Зијадин Села и некои луѓе околу него не ѝ сакаат добро на Алијансата за Албанците.“ – изјави претседателот на Беса Касами. Според Касами, последните настапи на Села нималку не беа институционални. Оваа изјава на Касами ја објави телевизијата на албански јазик Клан Македонија.

ТВ Клан Македонија пишува: „Наместо да го прифатат предизвикот на претседателот на партијата Арбен Таравари и да го свикаат централното собрание на АА и на најдемократски начин тоа да донесе одлука, која би била во интерес на партијата, тие го прогласија нивниот лидер Таравари како предавник на партијата. Го прогласија како туѓо тело. Ова го покажува вистинското лиде на некои поединци во Алијансата за Албанците.“ – нагласи Билал Касами

Од Алијансата за Албанците реагираа веднаш и побараа од лидерот на Беса да не се меша во внатрешните работи на други партии.

„Билал Касами јавно и официјално е познат по кршењето брави, насилно влегување и демолирање на седиштето на неговата партија во 2018 година. Како претседател на општина Тетово Касами ќе остане запомнет по кршењето на вратите на објектот, каде што се наоѓаше една младинска организација од Тетово. Тој не може да фрла кал врз Алијансата за Албанците. Тој е познат и како симбол на поделбата на албанската политичка сцена, поради него од Беса произлегоа уште 7 други политички партии.“ – изјавија од Алијансата за Албанците.

Ваквите судири меѓу претставниците на Алијансата за Албанците и Беса траат од неделата, кога претседателот на АА Арбен Таравари изјави дека неговата партија треба да ѝ се приклучи на албанската опозиција. Но, поранешниот претседател Зијадин Села, кој сега е претседател на партиското собрание, изреагира веднаш со противстав дека АА треба да настапи сама на следните парламентарните избори на 8 мај.