Судијка открива дека и по пресуди за ,,Двојник” МВР продолжува издавање пасоши за криминалци (ВИДЕО)

Оља Ристова, судија која донесе пресуда за случајот ,,Двојник” каде се процесираше издавање на 215 пасоши за криминалци тврди дека и по пресудата за случајот кој не можел да се случи без знаење на врвот на МВР, продолжил криминалот вреден милиони евра.



Оваа изјава Ристова ја дава во јули 2021 година за време на онлајн конференција “Правда и безбедност” на која освен правосудни лица учествуваат и високи полициски функционери од МВР.

И по донесување на пресудата за ДВОЈНИК, продолжува штанцање на пасоши и други документи, со врски и со помош на корупција, вели пред полициските функционери Оља Ристова – судија која донесе пресуда и побара ревизија за случајот “Двојник”, а никој во МВР цела година не реагира на нејзините информации.

Скандалозната изјава за која молчат обвинителството, Спасовски и МВР.

Во друга изјава од истата конференцијата судијката Ристова откри селективна правда, селекција на докази и намерно неопфаќање на полициски службеници од страна на МВР и Јавниот обвинител.

Ристова во видеото кое вчера не го објави ниту еден меинстрим медиум за ,,Двојник” вели дека е практично монтиран случај каде не се опфатени сите овластени службени лица и ги потврди сомнежите дека обвинителката што го водела случајот намерно го водела случајот со цел обвинението да не стигне до врвот на МВР и до министерот Спасовски.

Ристова во изјавата на конференцијата бара да се изврши ревизија на случајот со цел да бидат осудени сите а не само некои од извршителите.

Првата изјава во која Ристова укажува на селективна правда за полициски службеници а која ја игнорираат македонските медиуми.

(ВИДЕО) Судијка на предмет кој може да стигне до Спасовски: Селективна правда, обвинителството намерно не гони дел од службените лица (ВИДЕО)