Судскиот совет денеска му го одзеде имунитетот на судијата и член на Советот, Зоран Теофиловски, но го одби барањето за негов притвор.
Тој е првоосомничен во група од осум лица за кои Обвинителството отвори истрага поради сомнеж дека незаконски легализирале градба, а потоа и оттуѓиле земјиште во државна сопственост во Тетово за што се проценува дека ја оштетиле државата за речиси 860.000 евра.
Теофиловски кој од лани е член на Судскиот совет, по 24 часовно бегство, сам се пријавил пред Кривичен, но се повикал на судскиот имунитет по што беше свикана итна седница на Советот за да се одлучи по ова прашање.





