Мустафа Шахини, управниот судија за кој во 2019 година Судскиот совет не дозволи да оди во притвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, денеска е осуден на 5 години затвор.
Основниот кривичен суд Скопје икзрече пресуда во прв степен, а судијата има право на жалба.
Шахини до неговиот избор за судијa кон крајот на 2007 година, работејќи како адвокат ги застапувал правните интереси на две физички лица, негови роднини, во Оставинска постапка за градежно неизградено земјиште во Струга, со површина од 1.958.49 м2.
Во меѓувреме обвинетиот бил избран за судија во Управниот суд каде била поднесена тужба по основ на молчење на администрацијата, против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација во врска со истиот предмет за денационализација, по кој обвинетиот постапувал претходно како адвокат.
Како судија, Шахини ги оштетил имотот и интересите на државата, нанесувајќи штета на Буџетот во висина од над 200.000 евра.







