Судијата Панчевски со фрапантно видео за контроверзната судијка од Гевгелија

Судијата Владимир Панчевски кој беше претседател на Скопскиот кривичен суд а подоцна беше избркан од своето работно место како судија за прекршоци без да биде докажана негова кривична вина денеска објавува видео за судијката Злата Попова која наложи претрес на неговиот дом.



Попова важи за блиска на екс шефицата на СЈО Катица Јанева.

Видеото е објавено откако порталот Сведок објави изјави на вработени во судот во Гевгелија кои тврдат дека Попова кон нив се однесувала нечовечки.

Во меѓувреме во Стразбур трае постапка која Панчевски ја иницираше во врска со неговиот случај.