Судијата и екс претседател на Скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски со невообичаено предвидување во кое како цел е претставен првиот човек на владата.
“ПРЕДВИДУВАЊЕ: За брзо време се спрема судски атентат на Зоран Заев, оние што ги хранеше и ги израсна во пупки, имале трња во генотипот и му подготвуваат егзекуција, поткупот не бил само случајна работа. Меѓународна трнорушка во дипломатскиот кооор!”, пишува Панчевски кој важи за добро информиран за состојбите во правосудството.
Со предвидувањето Панчевски ги подгреа шпекулациите што кружат во јавноста според кои недовербата во оваа Влада од странците прво ќе се покаже при одредувањето на иднината на СЈО и Катица Јанева а потоа и за други судски случаи во кои цел ќе бидат високи функционери на власта.





